Откако во одредени медиуми беше објавено соопштение на Министерството за одбрана во кое ја информираат јавноста дека Полковник Драган Ковачки е казнет во дисциплинска постапка со казна од 30% од службената плата во рок од 6 месеци, во јавноста со свој коментар се обрати членот на Извршниот комитет Ковачки кој во изминатиот период жестоко ја критикува Радмила Шеќеринска за аномалиите кои што се случуваат во Министерството за одбрана. Дел од работењето на Радмила Шеќеринска од страна на Ковачки беше посочувано дека предизвикува штета на Македонија во Меѓународните односи особено со одбивањето на претставниците на властите во Македонија во НАТО Алијансата.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме реакцијата на Драган Ковачки во врска со овој невиден преседан во постапувањето на службените лица во Министерството за одбрана:
“Ау каков непрофесионализам.
Да дознаам од медиуми дека Шекеринска ме казнила 6 месеци на плата а не сум примил никакво решение.
Еве ја вистината: Значи, ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна (!!!), но Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и внимавајте: без НИЕДЕН доказ донела Решение за да ме казни на плата.
Чист аматеризам и своеволие.
Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот. Срамота, Шекеринска на што се симнавте. Политички гледано, ова е дискриминирачки и очајнички обид на Шекеринска преку злоупотреба на службената позиција и на целосно незаконски начин да го спречи Уставно загарантираното право за јавно изразување и критика на јавните функционери, вклучително и на нејзините поразителни и популистички политики во одбраната. Во моментов, ова е една од темите што е сосема неважна и служи исклучиво за дефокус од неспособоста и алчноста за пари што косат човечки животи.
Јас ова ќе ви го порачам: Вашите казни и закани само ме мотивираат и докажуваат дека сум на прав пат. Не може да ме казните за тоа што сум Ви укажал дека сте прекршиле закони. Можете да казнувате и да се заканувате, но за злоупотреба на службена положба се одговара и кривично.
Се гледаме на Суд, одберете си добар тим правници.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“