Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе во собраниска процедура Интерпелација за Министерот за здравство Венко Филипче.
3340 починати од Ковид или најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, 3340 причини Венко Филипче да си поднесе оставка. Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше, соопшти денеска од собраниската прес сала пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Тој посочи дека за жал во македонското здравство се умира и притоа нема одговорност.
-Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар и се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова. Наместо министер за здравје Филипче, стана министер за смрт, алармираше Кирил Пецаков.
Целата прес конференција на пратеникот Кирил Пецаков ја пренесуваме во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“