Денеска на прес конференција од прес центарот на Македонскиот парламент пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска ги разобличи обидите на владеачката СДСМ за своите неуспеси и поразителни политики да ги обвини опозициските пратеници.
“Тврдењата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието на Република Македонија се неточни.
Имено, СДСМ треба да престане да ги политизира законите за кои што на последната средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, беше договорено дека треба да се седне и заеднички да се состават консензуални предлог решенија кои што пред се ќе бидат во интерес на граѓаните.
СДСМ и покрај договореното наместо како владеачка партија да обезбеди атмосфера за соработка тие единствено се служат со дневно пласирање на обвинувања со цел да ја прикријат нивната неспособност и немањето на капацитет за спроведување на суштински реформи и капитални проекти од суштинско значење за државата.
ВМРО-ДПМНЕ досега се однесуваше и ќе продолжи да се однесува контруктивно и државнички и нема да дозволи Владата која што Република Македонија ја претвори во синоним за корупција да продолжи да носи закони со цел да си ги спроведуваат нивните лични и партиски интереси и криминали.
Граѓаните треба да добиваат квалитетни законски решенија кои што се резултат на суштински и издржани дебати во кои ќе учествува експертската јавност, а не некакви реформи и закони кои немаат допир со реалноста и секојдневното живеење.”
-соопшти Стојаноска за Македонската јавност


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија