БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Штип ќе трупа администрација пред избори. Прашање е дали за секој ќе има столче и компјутер во општината?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Христина Серафимовска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип во обраќање до јавноста ги обвини локалните власти на општина Штип предводени од Градоначалникот за превработеност и партизација на локалната самоуправа.

„По втор пат оваа година, на дневен ред на Совет на Општина Штип се измените на  Планот за вработување за 2021 година. Градоначалникот на Општина Штип не само што расфрла народни пари за пијалоци, туку со оваа одлука планира да троши дополнителни 9.000.000 денари на годишно ниво, само за новите вработени во локалната самоуправа.

Се врши партизација, се преполнува администрацијата и прашање е дали во општината секој има сопствено столче и компјутер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со овие политики на превработеност во администрацијата и трошење на 150.000 евра само за вработувања на 20 нови луѓе во 2021 година, докажува дека во сигурни раце се само блиски и партиски лица на градскиот татко.

Градоначалникот, очигледно брза да врбува сѐ поголема група на гласачи кои ќе му се доживотно благодарни за вработувањето.

Но, во таа трка со времето заборава една клучна работа – слоганот во сигурни раце се однесуваше на сите граѓани“

– алармираше Христина Серафимовска во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace