БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бугарија е разочарана од Резолуцијата донесена во Македонскиот парламент

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По донесувањето на Резолуцијата за заштита на Македонските национални интереси преку дефинирање на т.н. Црвени лини во Македонскиот парламент, своја реакција упатија од Министерството за надворешни работи на соседна Бугарија.

Бугарија донесувањето на Резолуцијата од Македонскиот парламент го проследува со акт на жалење поради тоа што таа доаѓала во време кога дијалогот меѓу Македонија и Бугарија одел во нагорна линија.

Ваквиот впечаток на бугарското МНР не е доволно јасен имајки го во предвид блокирањето на евроинтегративните процеси на Македонија во минатиот декември од страна на бугарската дипломатија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Министерството за надворешни работи е разочарано од Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија донесена на 29 јули 2021 година и со жалење забележува дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, како резултат на постојаните напори , започна да преминува во попозитивна и поперспективна фаза.

Бугарија со нетрпение очекува да се објави резолуцијата со цел внимателно да се анализира нејзината содржина во однос на нејзината компатибилност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан и ратификуван од Собранието на Република Северна Македонија во 2017 година, како и потенцијално влијание на овој документ.на досегашниот дијалог.

Би било целосно неприфатливо за Бугарија да мотивира или оправда неисполнување на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година преку такви акти, што е во спротивност со водечките принципи на меѓународното право.

Единствениот правилен начин за изнаоѓање одржливи и заемно прифатливи решенија за тековните предизвици во нашите односи е строго почитување на договорите и обврските, нивната ефикасна и совесна имплементација, како и одржување искрен и целосен дијалог.”

-стои во реакцијата на бугарското МНР упатена денеска во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace