БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Членовите на мото клубот Ендуро цел ден денеска на непристапните терени доставуваа намирници за екипите кои го гасеа пожарот во делчевско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во вистинската неволја се познаваат вистинските херои. А нив денеска ги имаше во огромен број на фронтот против огнените јазици кои ги зафатија селата од делчевска страна – Стар Истевник, Нов Истевник Тработивиште, Вирче.

Не помалку храбри од екипите кои што се справуваа со огнената стихија од страната на Пехчево, како и доброволците и противпожарните екипи на фронтот со оганот, но сепак моторциклистите на делчевскиот мото клуб Ендуро за денешниот пеколен ден го понесоа епитетот на вистински херои.

“Членови на Ендуро Тим Делчево во текот на целиот ден доставуваа храна и пјалоци на најодалечените и најнепристапните места, како и непрекинато вршеа достава на грбни пумпи со вода, со цел да се стави под контрола огнената стихија.
#save #the #nature“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот