БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Миле Петков промовиран за кандидат за градоначалник на Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани сограѓани,

Денес и официјално е промовиран кандидатот за градоначалник на Виница, Г-нот Миле Петков.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Миле Петков е дипломиран геодетски инженер вработен во Агенцијата за катастар на недвижности(АКН), 10 години беше раководител на Одделението за катастар на недвижности во Виница и уште 5 години ВД раководител на Одделението во Кочани.

Во 2015 година е прогласен за најуспешен раководител во АКН, а Одделението на АКН во Виница за најдобро во Македонија.

Миле Петков е два мандати член на Советот на општина Виница, одлично е запознаен со работењето на општината, а како претседател и член и на најважните комисии при советот има значаен придонес во неговата работа и функционирање изминативе 8 години.

Од 2018 година е потпретседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Виница, а претходно е активен учесник во сите кампањи последните 15 години и важи за еден од најзаслужните за 9 од 10те победи на ВМРО ДПМНЕ во Виница овие години.

Миле Петков е оженет, сопруг и татко на 2 деца. Чесен, вреден, скромен, трудољубив и упорен и пред се’ способен и докажано успешен човек и професионалец!

#МилеПетковВистинскиотИзборЗаВиница

Креирано од:


Пренеси го гласот