Денеска на прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет во Штип упатија повеќе прашања во јавноста во врска со разни шпекулации кои што ја оптеретуваат штипската јавност имајки го предвид ефектот врз локалната економија на разврската со можниот стечај со една од најголемите фабрики во градот- штипска Баргала.
“Очекувањата се исполнуваат!
Баргала нема да отиде така лесно во стечај.
Пролонгирањето на стечајната постапка, очигледно ќе го спаси акционерското друштво од пред изборни скандали и негативни поени на контото на Градоначалникот на Општина Штип, д-р Сашко Николов.
Меѓутоа, како е можно, за компанијата која исплаќаше плата далеку под минимумот, или како што велат работниците: „еднаш 2, а друг пат 600 денари“, веќе да се шпекулира дека ќе добие пари, за да ги исплати долговте?
Дали се вистина гласините дека токму Вице Заев стои позади овој предизборен спас за најголемата штипска фирма? “
-запраша Игор Ефтимов од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”