Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да си ги проверат сопствените податоци во Избирачкиот список со цел да не биде злоупотребено нивното гласачко право, да излезат и да гласаат на претстојните Локални избори на 17 октомври.
“Рокот за проверка на избирачкиот список е до 09.09.2021. Преку самостојна проверка, не дозволувајте вашиот глас да биде злоупотребен на овие избори. Да не дозволиме манипулации.
Процесот е едноставен:
1. Отворете ја веб страницата: www. izbirackispisok.gov.mk
2. Внесете го својот матичен број и кодот за верификација, како што е покажано на сликата во продолжение.
3. Ако сте на избирачкиот список, ќе видите на кое избирачко место гласате, на која улица и општина.
4. Ако не сте на избирачкиот список, ќе добиете соодветна порака.
5. Во случај да не сте дел од избирачкиот список, веднаш исконтактирајте ги одговорните лица од ДИК на еден од броевите, според вашата општината на живеење.
Излезете и гласајте за промени! Од вашиот глас зависи каква иднина ќе создадеме.:
-напиша на фејсбук Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот