Во Интервју за порталот Република.мк кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Владев зборува за своите мотиви, за своите идеи и за својата визија за развојот на Свети Николе како центар на овчеполието.
Во врска со учинокот на актуелниот градоначалник на Свети Николе во изминатите 4 години Владев смета како и мнозинството граѓани на Свети Николе дека Свети Николе го имаше еден од најслабите градоначалници во историјата. Исто така Владев ја окарактеризира кандидатурата на другиот негов против кандидат на претстојните локални избори во иста насока како и онаа на актуелниот градоначалник за ослабување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.
“Можеби за некого е изненадување, но во светиниколската јавност можеби и беше очекувано. Што да кажам за актуелниот градоначалник. Не е мое субјективно мислење, мислење е општо на сите граѓани, дека е еден меѓу послабите градоначалници што Свети Николе ги имало во својата историја. Неговото место припаѓа само во историјата. Убеден сум дека нема да биде сериозен противкандидат. Свети Николе е град којшто со години е провмровски. Сега рејтингот на нашата партија на локално ниво е многу повисок од рејтингот на СДСМ.
Другиот мој противкандидат досега во листата на советот има член од СДСМ, кој е сега носител на таа независна листа. Работата е провидна, здружени заедно сакаат да ги ослабат позициите на ВМРО-ДПМНЕ, за евентуално да се случи втор круг на кој ќе има пазари. Такво нешто нема да се случи. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во првиот круг на локалните избори, а мнозинството на советот ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ.”
-истакна Дејан Владев во тој контекст.
Понатаму Владев во неговото неодамнешно интерву за порталот Република зборуваше за неговата визија за тоа каде го гледа Свети Николе во наредните 4 години.
“Свети Николе како како центарот на исток, како бисерот на Овче Поле го гледам како модерен град, со изградена комплетна инфраструктура, со комплетно изградени патишта, изградени канализации таму каде што нема. За жал во Свети Николе нема канализации во определени делови, па дури и во самото градско подрачје, за селата да не зборуваме. Има барем 4-5 поголеми села кои немаат канализација. Основните услови за живот за да може секој светиниколчанец да живее да твори, да напредува, во наредниот четиригодишен мандат ќе ги има. Сакам да напоменам дека како политичка партија во нашата програма ќе ја ставиме и старата светиниколска градска чаршија, која е во стогиот центар на градот, а е оставена во заборав на времето. Ќе ја обновиме со сите работи, како во педесетите години. Ќе се врати тој изглед на куќите, со нови фасади, на товар на општината. Ние сме единствено место каде што нема добро излетничко место. Имаме прекрасна акумулација Мавровица, којшто се наоѓа помеѓу Пробиштио и Свети Николе, на десетина километри од градот. Претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ стави неколку летниковци непосредно до езерото, доаѓаат доста рибари, како од градот, така и од соседните општини. Заедно во соработка со ИПАРД програмите на министерствата на централно ниво планираме да направиме еден модерен комплекс каде што светиниколчани и граѓаните од соседните општини ќе можат да дојдат, да уживаат, да ловат риба, да кампуваат, а согласно законските можности би се дала можност и на определен приватен инвеститор да изгради модерен комплекс.”
=рече Владев во интервуто кое во целост може да го погледнете во видеото во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи