БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО ДПМНЕ ОК Штип: Агонијата со Баргала не стивнува! 

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа одговор на повеќе прашања поврзани со отфрлањето на стечајната постапка во компанијата Баргала во Штип.
Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип денеска меѓу другите упати и прашање во врска со наводна поврзаност помеѓу стечајниот судија, градоначалникот и Министерот за транспорт и врски.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот ан прес конференцијата на Игор Ефтимов:

“Дали одлуката за отфрлање на стечајната постапка на Баргала е купување на време и замајување на јавноста пред избори, за наводно договорениот инвеститор од Италија, кој ќе биде прикажан на штипската јавност како спасител на Баргала? 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но, во јавноста струјат уште неодговорените прашања: 

Дали скандалозното отфрлањена предлогот за отворање на стечајна постапка на Баргала, потпомогнато од сватовите – стечајниот управник и вештото лице, говори за вклучената преизборна машинерија на партијата на власт? 

Дали овие две лица изготвиле фиктивни извештаи за Баргала, нејзината сметка и имот, со кое работниците ги ставиле во подредена позиција и неможност да си ги остварат правата да примаат надомест и здравствено осигурување од државата? 

На кој начин е утврдено дека сметката на Баргала не е блокирана и дека Баргала не е должна неколку милиони евра на доверителите и УЈП? 

Дали комшиската врска меѓу стечајниот судија, градоначалникот и министерот за транспорт и врски, е причината зошто наместо на  страната на работниците, судијата се ставил во функција на сопствениците? 

Дали овој случај е преседан во македонското судство, кое ги жртвува работничките права, за сметка на кариерата на кандидатот за Градоначалник на СДСМ во Штип? 

Ова се прашања на кои нема да добиеме одговор од споменатите лица, но после 17 октомври истите ќе добијат кривични пријави за нечесното и криминално постапување за ова дело!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace