Предизборниот караван на ВМРО-ДПМНЕ денеска традиционално ја стартува својата предизборна кампања од Античкиот театар во Охрид.
Со почеток во 18.00 часот караванот именуван како “Создади нова иднина” ќе ги претстави кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков како и кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за охридскиот совет.
На настанот се очекува свое обраќање да има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски..
Во Брегалничкиот регион караванот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започне кампањата во четврток на 30.09.2021 година во општината Чешиново-Облешево во 18.00 часот по што ќе продолжи во општините Виница, Зрновци и ќе заврши со настан во Кочани со почеток во 20.30 часот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“