БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нова градска спортска сала во Кочани- еден од позначајните проекти од програмата на Љупчо Папазов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ во јавноста презентираше еден од позначајните проекти предвидени во неговата програма со која ја бара довербата на своите сограѓани на претстојните локални избори.

Изградба на нова градска спортска сала е еден од најнеопходните проекти во општината Кочани која Љупчо Папазов планира да го реализира во наредните 4 години.

Оваа спортска сала за која од тимот на Папазов имаат изработено и убава видео визуелизација ќе служи за развој ан сите спортови во општина Кочани но и во поширокиот регион.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Уште еден во низата приоритетни проекти од нашата предизборна програмска понуда претставува изградбата на градска спортска сала.

Недостатокот на градска спортска сала е една од причините за досегашната незавидна состојба со врвните колективни и поединечни спортови во нашата општина, за кои се потребни соодветни просторни можности.

Со изградбата на овој објект ќе се создадат услови за враќање на некогашниот престиж на кошарката, борењето, ракометот и разни поединечни спортови, коишто во не така далечни времиња беа гордост за нашиот град, а со тоа ќе ги поттикнеме младите да се стремат кон нови спортски успеси.

#СоздадиНоваИднина

#Промени

#Проекти #Победи”

-напиша Љупчо Папазов- кандидат за градоначалник на Кочани во прилог на видео презентацијата на планираната спортска сала.

https://www.facebook.com/LjupchoPapazov/videos/3987460228026172

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace