Вчера Заев се шеташе по истокот на “нашата земја” и на најслабо посетените им митинзи кажуваше дека СДСМ го нуди најдоброто за Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово и Виница. Практично Заев не понуди ништо ново, туку истрошени кадри за кои видовме колку ги бива во изминатите 4 години. Ни збор да изусти како тоа истите негови “најдобри”, успеаја да дозволат да им изгори пола Малешевија, а за тоа никој да не понесе ниту морална, ниту пак кривична одговорност. Да, никој не понесе одговорност за 40 милиони евра штета нанесена директно поради непреземање на мерки и активности од страна на неговите локални моќници што ни ги нуди како најдобри.
Од друга страна пак, кога човек малку ќе подразмисли, ќе си рече: Абе на криминалците што се во Владата, живи луѓе во болница им изгореа а нив “мува не ги лази”, та да се секираме за изгорените дрва во Малешевијата и Пијанецот.
Го слушам по трибините, се охрабрува помеѓу оние малкумина што со сила ги имаат натерано да дојдат да слушнат дека тој бил за обединување, а ние од ВМРО-ДПМНЕ сме биле за поделби. Лага.
Колку сме ние за поделби, а колку е СДСМ за обединување се гледа по големината на нашата и на нивната коалиција. Нашата е најголема досега, а на Заев единствено лојални му останаа Љубчо, Павле Трајанов и Али Ахмети.
Кога сме кај поделбите и долевање масло на огнот, да се потсетиме кој тоа ги лажеше родителите на убиените деца од Смилковци дека имал докази дека други биле убијците? Кој лажеше, Христијан и ВМРО или Заев и СДСМ?
Понатаму го слушам дека тој бил за вакцинација а ние демек сме биле антиваксери и сме ги навредувале лекарите. Дно! ВМРО-ДПМНЕ ги вреднува лекарите и нивниот труд и тоа јавно сме го искажале и го кажуваме. Но, проблемот ви е во лекарот-министер што наместо да биде уапсен, вие го носите по митинзи и ви глуми шоумен. Времето на злоупотреби и на неодговорност за неполни 2 недели завршува. Доста беше и од неспособност!
Доаѓа време на промени!Доаѓа време на одговорност пред законите и пред граѓаните!
*За крај, бидејќи со криминалците во власта не сакам да имам никаков контакт, молам некој да им каже на Заев и на другарите дека химната има и ТЕКСТ и на официјални настани-митинзи не се свири само ЕДНА строфа. Да не државниците од СДСМ повторно “случајно” ја заборавиле или вишата класа веќе се гнаси од се’ што е македонско?
-фејсбук статус на Драган Ковачки– Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот