Кандидатот за градоначалник на штип Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ја истакна потребата за збогатување на животната средина во секоја населба во градот со нови парковски површини како и збогатување на фондот на локалните шуми насекаде низ општината Штип.
“Шумата кон Мирјанина црква, позната по огромните диви депонии и сечата на дрвја, уште во првите 2 години од мојот мандат, ќе ја претвориме во огромен парк за спортување, релаксација и одмор. Овој градски парк ќе изобилува со урбана опрема и други содржини, а истиот ќе го чува месното население, при што ќе ја ликвидираме сечата, а ќе ја подобриме економската и еколошката состојба!
Во населбата Баби, ќе ги подобриме условите во постоечкиот парк и ќе ги унапредиме детското и спортско игралиште со дополнителни содржини.
Покрај бања Кежовица, просторот ќе го искористиме за создавање на парк за одмор и рекреација и тоа место ќе го претвориме во убава, зелена површина, атрактивна за жителите и посетителите на бањата.
Но, овде нема да застанеме!
Во секоја населба во нашиот град, ќе направиме повеќе од 20 паркови и зелени површини, места каде граѓаните ќе го минуваат своето слободно време со нивните најмили, а Општина Штип, заедно со граѓаните интензивно ќе работи и на збогатување на бројот на локалните шуми.
Зелен, убав, урбан!
Новата иднина предвидува ваков Штип!”
-соопшти Иван Јорданов- кандидат за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис