БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гоце Марков: На Кочани му треба нова иднина!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за советник во советот на општина Кочани Гоце Марков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција денеска ја алармираше јавноста за излажаните проекти на актуелниот градоначалник на Кочани Николчо Илијев.

Целата прес конференција на Гоце Марков ја пренесуваме во продолжение:

“Почитувани сограѓани, На Кочани му треба нова иднина! На Општина Кочани и се потребни нови и свежи лица, на Кочани му е потребна промена на локалната власт! Еве деновите од кампања го гледаме градоначалникот кој несака да биде градоначалник заедно со нови кандидати за советници како без меморијата на ветеното, ветуваат тоа што Николчо Илијев не го исполни во минатиот мандат. Во својата програма ветуваше и ИЗЛАЖА дека Кочани ќе го ГАСИФИЦИРА, на пензионерите 2017-та им ветуваше дека ќе гради СТАРЕЧКИ ДОМ, потоа истите луѓе, 2018-та ги лажеше дека парите се обезбедени, за денес, 4 години по ветувањето и 3 години по лагата за обезбедени средства истиот тој бесрамно да бара уште 4 години мандат!? Срамота! На МЛАДИТЕ им вети и ги излажа кога вети: “Вложуваме во младите-отвораме центри за отпочнување и развој на бизнис”… 4 години младите на Кочани чекаа на ова ветување, ама залудно!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Самиот Илијев во својата програма пред 4 години напиша: ,,подржуваме и поттикнуваме сите демократски механизми како петиции, претставки, граѓански иницијативи, собири на граѓани и референдуми”. Внимавајте добро, и, ,референдуми”!? А барањето за одржување на референдум во Кочани поднесено во нашиот совет беше експресно одбиено токму од оваа власт!?

Почитувани пријатели, еве гледате колку тежи нивниот збор, лаги, манипулации и лажни ветувања, ама овде сме за да не дозволиме пак да ве излажат. Да создаваме нова иднина без лагите и лажните ветувања на зорле кандидираниот! “

-соопшти Гоце Марков-потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace