БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бошко Цветковски со убава честитка по повод денешниот празник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Лозово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски по повод денешниот празни 11 Октомври- Денот на кревањето на востанието на Македонскиот народ против фашистичките сили во Втората Светска војна упати честитка во јавноста до сите граѓани на општина Лозово и пошироко.

“Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на ОК Лозово, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание !

Овој датум означува уште еден почеток на борбата за ослободување и самобитност на македонскиот народ. На 11 Октомври е поставен уште еден од темелите на македонската државност. Партизанското движење го оствари стремежот на сите претходни генерации за достигнување на победата и слободата на македонскиот народ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.

Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание!
🇲🇰Македонија вечна🇲🇰“

-напиша Бошко Цветковски- кандидат за градоначалник на општина Лозово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот