До нашата редакција пристигна соопштение на претставници на делчевската дијаспора која што се наоѓа во повеќе европски држави и преку океанот.
За делчевската дијаспора овие локални избори е првиот чекор за соборување на актуелната владеачка гарнитура.
“Поддршка за кандидатот за градоначалник на Делчево, Д-р Николче Стојменовски.
И покрај далечинската разлика Делчевчани иселени во европските држави, со голем интерес ја следат и се интересираат за состојбата во нивниот роден град.
Во овие тешки и мачни времиња во секаков поглед што владеат веќе четири години во државата, дојде конкретниот момент за да се направи првиот чекор во запирањето и соборувањето на сегашново владеачко зло.
Со поддршката на кандидатот за градоначалник Николче Стојменовски, Делчевчани ја имаат можноста нови и неизвалкани партиски лица да го донесат најдоброто за градот и околината како и за формирање мост со делчевската дијаспора.
Гласот за Д-р Николчо Стојменовски е глас за Македонија!
Делчево дијаспора, 14 октомври 2021″
-стои во соопштението на Делчевскта дијаспора пренесено преку фејсбук страницата на Координативното тело на Македонците во Европа

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист