БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

НАЈАВА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ СОВЕТ ВО ШТИП, ЗА ПОДОБРА ИДНИНА ЗА СИТЕ ШТИПЈАНИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во посета на Штип и штипјани беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

тој во рамки на својата работна агенда заедно со Градоначалникот на Штип Иван Јорданов оствари средба со претставници на бизнис заедницата во Штип.

На средбата било разговарано за можностите и предизвиците на стопанството во овој регионален центар во Брегалничкиот регион како и потенцијалите за развој на идна соработка со општинските власти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов на средбата најави формирање на Економски совет кој што во иднина трба во извесна мера да обезбеди подобра иднина за штипјани.

“Заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов остваривме средба со стопанска комора во Штип.

Градоначалникот истакна дека ќе биде формиран и Економски совет, тело коешто очекувам значително да ја подобри соработката помеѓу бизнис заедницата, односно стопанствениците и општина Штип и да продолжи она коешто сите ние го очекуваме, а тоа е да продолжи нова и подобра иднина за Штип и за Македонија.”

-соопшти Христијан Мицкоски во врска со средбата со претставниците на бизнис секторот во Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace