Во вечерашното интервју во “Тема на денот” на ТВ Сител Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше за повеќе актуелни политички теми како што е изборот на новата навлада на СДСМ и ДУИ на чело со Димитар Ковачевски, економската, енергетската, топлинската и здравствената криза во државата, како и за односите на Република Македонија со Бугарија по посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков.
Во однос на прашањето на новинарот кој го водеше интервјуто за односот кон Македонците во Бугарија апропо изјавите на министерот Маричиќ дека МАкедонија не треба да се грижи за нив, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски соопшти дека тој како политичар се грижи за сите Македонци каде тие и да се наоѓаат со своето живеалиште, било тоа да е во Бугарија, Грција, Србија, Албанија или било каде во светот. Тие според Мицкоски ја заслужуваат грижата на нивната татковина во рамки на можностите на државата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!