Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов заедно со европскиот првак во борење Владимир Егоров во текот на денешниот ден реализираа посета на боречките клубови и младите борачи во општината.
Во рамки на средбата младите и надежни борачи од Карбинци имаа можност да поразговараат за успесите на европскиот шампион и лично од него да дознаат повеќе тајни за боречката дисциплина како и неговиот рецепт за успех.
“Денес заедно со Европскиот првак Владимир Егоров, ги посетивме нашите Боречки клубови и младите борачи. Огромна чест и задоволство е нашите борачи да се запознаат со шампионот и да добијат дополнителна мотивација за во иднина!
“
-соопшти градоначалникот Паунов во врска со денешната средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг