“Во тек на градежни активности за изградба на бетонска патека во училишниот двор на подрачното училиште во с. Каратманово.
Продолжуваме со нашиот ангажман во остварување на планираните цели во насока на подобрување на училишната инфраструктура. Денес и Градоначалникот на Општина Лозово имаше прилика да направи увид во градежните зафати кои во периодов ги остварува училиштето. Продолжуваме со унапредување на меѓусебната поддршка и соработката со локалната самоуправа за целите на подобрување на условите за работа во училиштето.”
-информираат од менаџментот на Основното општинско училиште “Методи Митевски Брицо” во село Каратманово во општина Лозово.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи