Посебен режим на сообраќај во сабота (25.06.2022) во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.06.2022 година (сабота) поради одржувањето на „Парада на гордоста“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје.
За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,, ул.„Васил Главинов“, бул.„ВМРО“, бул.„Илинден“, ул.„Аминта Трети“ ,и ул.„1732“.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
-интегрален текст на соопштение на МВР упатено до јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!