БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Поради трајното нанесување на штета на Македонските преговарачки позиции владата мора да падне

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Бараме директна одговорност од Ковачевски за Францускиот предлог кој самиот го преговараше и договори. Ковачевски не може да манипулира дека тој и владата не знаеле за предлогот во чија подготовка учествувале официјални државни органи. И според изјавите на Стево Пендаровски, но и бројни дипломати од кариера предлогот бил изработен со вклученост на сите страни, ова денеска преку прес-конференција го истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бараме одговорност и оставки од Бојан Маричиќ и Бујар Османи како директно вклучени во процесот на преговори. Одговорноста не смее да се сведе на принципот на кабелот е виновен за пожарот на некој административни функционери. На народот му е преку глава од манипулации. Доколку Ковачевски не бил запознаен со предлогот, како што тврди, иако е невозможно да не знаел што работат неговите подредени, треба да побара оставка и од Османи и од Маричиќ или самиот да ги разреши веднаш. Иако веруваме дека Ковачевски цело време стои зад понижувачкиот предлог и бил запознаен со деталите од истиот, но и го менаџирал процесот за туркање во јавноста на истиот, вели Ковачки.

Тој додава дека да не заборавиме дека целиот план им бил преку блицкриг манипулација да се манипулира и лаже јавноста, предлогот веднаш да помине во Бугарското собрание, што е одолговлечено поради оставката на Бугарската влада, а потоа и блицкриг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Ковачевски треба да си даде оставка поради манипулација и лажење на јавноста, но и нанесување на трајна штета на Македонските преговарачки позиции. Со согласноста која владата и Ковачевски ја имаат дадено на овој предлог воопшто и да излезе во јавноста се поставени темелите на идните Бугарски уцени во иднина, и можноста секој следен предлог да биде најмалку лош како овој. Вака направената штета не е моментална, туку трајна и за ова мора да има одговорност. Македонија се поизвесно дека ќе добие уште едно вето, а ќе остане и со трајно нарушени преговарачки позиции. Поради трајното нанесување на штета на Македонските преговарачки позиции владата мора да падне. Избори се решение, вели Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace