БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот за земјоделие Николовски во дводневна посета на Словенија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е во дводневна работна посета на Словенија каде што имаше средба со неговата словенечка колешка Ирина Шинко.

“🇲🇰🇸🇮Во рамки на дводневната работна посета во Република Словенија се сретнав со министерката за земјоделство, шумарство и храна Ирeна Шинко. На средбата разговаравме за унапредување на билатералната соработка помеѓу нашите две пријателски земји, преку реализација на проекти од Акциониот план 2021-2024 година.

Република Словенија обезбедува значајна техничка поддршка за приближување на законодавството на #ЕУ во областа на земјоделството и руралниот развој, но и е силен поддржувач во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Огромна чест е што Република Северна Македонија и оваа година учествува на еден од најголемите саеми за храна и вино #АГРА2022 во Република Словенија, на кој ќе имаме можност да ги претставиме македонските традиционални производи.”

-соопшти Љупчо Николовски- Министер за земјоделие Шумарство и водостопанство.

Креирано од:


Пренеси го гласот