Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од раководството, денеска оствари работна средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Клеменс Која.
Во рамки на средбата Мицкоски го истакнал ставот на ВМРО-ДПМНЕ преку кој што се преслигува и ставот на голем број граѓани во МАкедонија поврзан со неприфаќањето на понижувачките одредби од Бугарскиот договор како и целиот процес преку кој што актуелната власт сака да спроведе бугаризација на Македонскиот идентитет.
“Денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, одржавме средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, г-дин Клеменс Која.
Средбата се одржа поради тоа што се ближи крајот на мандатот на господин Клеменс Која му се заблагодарив за долгогодишната посветена работа во Македонија, како и придонесот кој ОБСЕ го дава за градење на институциите, владеење на правото и подобрување на демократските процеси.
Во текот на средбата го истакнав значењето на референдумот кој доаѓа поради наметнатите потценувачки услови за отворена бугаризација и идентитетско редефинирање на Македонија, нешто што владата на СДСМ го прифати.
ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.
Македонија потребно е да тргне во вистинска насока, а тоа може да се случи со референдумот и со предвремени парламентарни избори.”
-информираше Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена