Еден од најрепрезентативните хорови на Македонија за викендот ќе има свои настапи во Келн и Дизелдорв во СР Германија.
Во организација на Македонската Заедница во Германија женскиот камерен хор “Св. Злата Мегленска” на настапи на повеќе концерти во претстојните сабота и недела.
Од Македонската заедница во Германија ги покануваат сите љубители на ваквиот вид на музика и изведба да ги посетат самите концерти и да бидат дел од магијата која во себе ја носи оваа духовна вредност на Македонците.
“Почитувани,
Македонската Заедница во Германија , со големо задоволство ве повикува да ги проследиме заедно настапите на женскиот камерен хор Св.Злата Мегленска
Сабота 17.09.2022
12:00часот во Kölner Dom .
20:00часот во Kirche Sankt Pantaleon ( Am Pantaleonberg 6, 50676 Köln )
Недела 18.09.2022
16:00часот Kirche St.Gertrud ( Gertrudisplatz, 40229 Düsseldorf-Eller)”
-стои во соопштението на Македонската Заедница во Германија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност