Денеска градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов заедно со екипа од Ауто Македонија извршија презентација на можностите за користење на електрични автобуси за потребите на јавниот превоз за граѓаните на општината.
“Општина Штип во соработка со АутоМакедонија извршија презентација на електричен автобус во нашиот град. Целта на овој пилот проект беше, преку тест возење да се испита интересот на граѓаните за ваков вид на јавен превоз, затоа што интенцијата на локалната самоуправа е во најкраток временски период да пронајде соодветен начин за реализација на најекономичен превоз на граѓаните на Општина Штип.”
-информираше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево