Црква „Св. Великомаченик Димитрије“ – Зрновци
Оваа црква која се наоѓа на горниот ( стар) дел од селото Зрновци е изградена некаде во 19 век а била на неколкупати обновувана. Има карактеристична градба за црквите од овој крај, располага со 65 значајни, со закон заштитени икони ( работени во темпера, со гипсен грунд врз даска со различни димензии, најмалата е 22цм х 17,5цм а најголемата е со димензии 105,5цм х 80,5цм х 2,5цм). Сите се работени во втората половина на 19 век од непознат автор. Се претпоставува дека тоа би можел да биде Димитрија Андонов Папрадишки кој работел со своја тајфа во црквите во Кочанско. Во дворот на црквата постои и стар гроб со натпис на некој поранешен свештеник.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените