БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Милошоски: Ги следат и прислушкуваат нашите кандидати, се закануваат на луѓе, прават поткуп, но на крајот сепак ќе изгубат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Моето скромно мислење е дека на многу места имаме градоначалници кои се истакнати. Во Штип имаме градоначалник кој е истакнат во својата општина и е познат воркохолик, човек кој работи од 6 сабајле до 9 навечер, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски

Гледаме дека владата на РМ предводена од Заев и сите министри се последниве денови во Штип и се борат против Илчо Захариев- и Оливер Спасовски и Никола Димитров и министерот за земјоделство и премиерот и разни олигарси кои се во Штип и околината, влијателни со финансиски средства. Мојата прогноза е дека Илчо Захариев, како поединец, заедно со народот на Штип ќе ја победи целата влада во недела и ќе имаме прилика да му честитаме, рече Милошоски и додаде:

„Нашите кандидати ги следат, ги прислушкуваат, одат со началници на УЈП, со началници на други подрачни министерства, се закануваат на луѓе, прават поткуп кај социјално ранливи категории вклучително и во Штип, користат многу нечесна игра, но на крајот сепак ќе изгубат. Ја користат цела влада иако тие 3 години на народот и на државата и држеа предавања, дека партијата треба да се раздели од државата, а сега гледаме дека цела една влада е дојдена во Штип да го победи Илчо Захариев. Моето мислење е дека народот е посилен и затоа Захариев ќе биде нивниот конечен избор, за доброто на Штип и за да се покаже достоинството на штипјани“

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace