До меѓународната заедница пративме допис дека не следат, а не до полицијата, зошто тоа беа луѓе од полицијата, изјави лидерот на БЕСА, Билал Касами во интервју за „Само Вистина“ .Тој истакна дека луѓето кои го следеле биле од некоја посебна единица на полицијата.
Некој ми кажа дека тоа се алфи, но таква единица во Тетово нема, туку тоа биле некои посебни единици за кои ние не баравме да не следат, туку одат да ги заплашуваат луѓето. Ова го кажувам зошто јас одам секаде по градот, не се плашам да влезам било каде низ градот. Бев во една средина, мешана средина каде што луѓето живеат многу подобро отколку што сакаат политичарите, а после нас отишле да ги уплашат Македонците со сите податоци со кои располагаат дали работат во администрација или дали имаат некој бизнис и се заканувале ако планираат го гласаат Касами, посочи лидерот на БЕСА.
Извор:Курир


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’
Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува