БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЕП ШАХ:Реми за македонските селекции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нашите најдобри шахисти во 5. коло на ЕП во Грција одиграа нерешено со Словачка 2-2 и остануваат со победа 2 нерешени и 2 порази на првенството.
Сите четири партии завршија со реми, Филип Панчевски победил на првата табла. Македонскиот интернационален мајстор има одличната серија без пораз, а сега стигна до 4 поени од 5 меча, иако играше со црни фигури против словачкиот велемајстор Лубомир Фтачник. На преостанатите табли реми изборија Трајко Недев, Дејан Стојановски и Никола Николовски.
Жените за противник ја имаа Австрија која влезе на ЕП со подобар рејтинг, а интересно иако немаше ниту едно реми, на крајот со жестока борба на сите табли е постигнат резултат 2:2.
Моника Стојковска на првата табла беше подобра од Катарина Невркла, а на третата Бојана Бејатовиќ освои цел поен против Вероника Екслер. Поразени беа Драгана Николовска и Габриела Коскоска за реми на Македонија и Австрија на Европското првенство.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace