БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

До 28-ми јуни во Музејот на Неготино изложба на етнолошки предмети

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изложбата на етнолошки предмети, која е дел од проектите на Министерството за култура на РМ е отворена во Музејот на град Неготино.

Предметите кои што се изложени во изложбениот салон во музејот потекнуваат од почетокот на 18 до крајот на 20 век и се од селата од општина Неготино и тоа: Долни Дисан, Горни Дисан, Тремник, Војшанци, Бистренци, Тимјаник, Црвени Брегови, Курија, Пепелиште и од градот Неготино.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Собирани и класифицирани се по пат на подарување, наоѓање и откуп при теренските истражувања на етнолошкото одделение во ОУ Музеј на град Неготино од 1996 г. па наваму. Збирот и изборот за изложбата е направен врз основа на материјалите од кои што се изработени предметите, во првиот дел се содржани предмети изработени од керамика ( грнчарски предмети), потоа метални предмети, предмети изработени од дрво и текстил изработен и исткаен на разбој.

Најголемо љубопитство примамуваат предметите како што се: макази – крклизи, соларник, пиралка, дрмон, вретена, фурки, народниот вез и други предмети кои што се употребувале како алатки за извршување на земјоделски работи, во домаќинството, алатки за обработка и изработка на текстил изработени од вештите раце на грнчарите, казанџиите и ткајачките украсени со посебна орнаментика и колорит.

Сите предмети се во сопственост на ОУ Музеј на град Неготино, како збирка на етнолошки предмети со решение од Управата за заштита на културното наследство на РМ. Изложбата е од јавен карактер, ќе биде поставена до 28 јуни и може секој љубител да ја посети и види.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace