БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за многу сомнителни детали околу убиството на младиот Саздо

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја обвини владејачката партија СДСМ чиј што министер Оливер Спасовски управува со Министерството за внатрешни работи на Република Мaкедонија, за редицa на сомнителни поединости кои според опозициската партија провејуваат во јавноста, а за кои Македонските граѓани имаат право да ја знаат вистината.

Трет ден Оливер Спасовски молчи за деталите за случајот со убиеното 21 годишно момче Никола Саздовски – Саздо.

Кој е третиот што учествувал во убиството и зошто досега не е приведен? Дали власта го крие или во моментов се бара канал за негово бегство од земјава? Дали заради тоа сеуште нема распишано меѓународна потерница и не се објавува негова фотографија за јавноста да може да пријави доколку го види? Дали е во тек истото сценарио по кое што се режираше бегството на убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше убиен пред својот дом?

Дали во автомобилот со кој што дошле убијците имало и четврто лице? Кое е тоа лице и зошто нема пријава за помагање на истото?

Кои се инспекторите кои што го квалификуваа убиството како насилство? По чија наредба оваа брутална ликвидација ја квалификуваа како поблаго дело, а не како убиство што впрочем е? Зошто нема постапки против нив?

Што се крие Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за убиениот Никола Саздовски – Саздо?

-изјави Арсовски, по што констатираше:

Скопје е небезбеден град, а криминалците и убијците владеат со улиците.

Нашите животи и животите на нашите најблиски се доведени во прашање заради коалицијата која што ја има СДСМ склучено со криминалот и со мафијата.

Ситуацијата е јасна. СДСМ преку Оливер Спасовски сака да го сокрие убиството на малиот Никола Саздовски – Саздо.

Јавноста очекува одговор и очекува одговорност од сите инволвирани во ова.

Оливер Спасовски мора да си замине од Министерството за внатрешни работи. Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка. Тој веќе нема никаков морален кредибилитет да го води МВР и да биде негов министер.

Со секој ден поминат во министерската фотелја, безбедноста во државата е се повеќе нарушена.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace