БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски: За Референдумот сите опции за партијата се во игра во интерес на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во синоќешното гостување во вестите на Канал 5 телевизијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со ставот на партијата за претстојниот референдум за промена на името на Република Македонија, најави дека сите чекори кои може ВМРО-ДПМНЕ да ги превземе стојат на располагање во идниот период а во интеренс на граѓаните на државата.

ВМРО-ДПМНЕ во рамките на ова лето има акција која што е наречена „Лето за Македонија“  и во рамките на таа акција правиме консултација со многу граѓани секој ден, правиме консултации со стотици граѓани, се разбира и со членството на партијата, со партиските структури, со општинските комитети.  Како што знаеме кампањата за референдумот отпочнува некаде на 10-ти септември и до тогаш се надевам оваа акција ќе трае, така што јавноста благовремено ќе биде информирана за сите чекори на ВМРО-ДПМНЕ во иднина,

-потенцираше Мицкоски.

На прашањето дали можеше да се постигне подобар договор со Грција тој вели дека доколку тој се прашува секако дека можеше да се постигне договор, затоа што содржината, но и импликациите кои што се резултат на овој т.н. договор се катастрофални за Република Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во тој контекст Мицкоски истакна дека тој останува принципиелен и дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е неменлив и тој е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати промена на Уставот, а со цел промена на уставното име.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace