Претседателот на една од најголемите организации на Македонците во дијаспората-Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), Мето Колоски на фејсбук објави статус со свое сведоштво за една прилика пред 10 години кога имал можност да се сретне со Поранешниот Министер за сдравство и за Образование и наука-Никола Тодоров…
Паметам колку бев радосен да имам средба со тогашниот министер за образование на Македонија Никола Тодоров. На средбата спомнав дека ОМД би била подготвена околу $30,000 да инвестирана во реновација на некое школо или за компјутери, итн…
Тодоров се потсмевна и отворено нас ни треба 300 милијони долари а не $30,000.
Се фрапирав и си заминав од состанок со мислата на ум дека уште еднаш не би сакал средба или било што со овој човек. Потоа стана министер за здравство и беше можен Премиер – Фала му на БОГА што овој не стана премиер.
По 10 години од таа средба време беше да го објавам. Жалам што не напишав ништо тогаш да не и се наштети на Македонија.
Ако имам грешки во македонскиот – извините не сум роден во Македонија.
-напиша на фејсбук Мето Колоски.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор
Претставени придобивките од билкарството преку проектот „Вештини – клучот на зелената економија“
Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна