Улиците во Македонските градови стануваат се понебезбедни.
Секојдневно јавноста е сведок на брутални убиства, грабежи, разбојништва и разни други криминални акти кои го нарушуваат нормалното живеење на граѓаните.
Пред два дена во Прилеп сред бел ден беше извршен филмски грабеш од страна на тројца вооружени напаѓачи.
Погледнете во продолжние како изгледаше оваа опасна драма пред очите на прилепчани снимена од страна на безбедносните камери:
За оваа алармантна состојба реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп:
Вчера, сред бел ден, во центарот на градот се случи разбојништво како од филмовите. Имено, три лица, кои според кажување на медиумите без маски, со употреба на пиштол, во строгиот центар извршија разбојништво пред очите на присутните, одземајќи огромна количина злато, и причинувајќи огромна штета по сопствениците на една од златарите.
Дуќанџиите, истите оние за кои Кирацовски пред некој ден кажа дека биле презадоволни од владеењето на СДС, беа сведоци на овој грозоморен настан, со кој Прилеп се враќа во времето на теророт и хаосот, времето кога СДС беше на власт, а безбедноста беше на најниско ниво. Прилепчани добро паметат како пред нешто повеќе од 10 години, се фрлаа бомби по дворовите на наши сограѓани.
Потсетуваме и дека пред само неколку дена, лице со качулка влезе во прилепската пошта и со употреба на бејзбол палка, зеде над 35.000 денари, притоа повредувајќи го еден од вработените во оваа установа.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030