Граѓаните во Општина Виница најдобро знаат дека СДС единствено што знае е укинување на проекти и нудење на празни ветувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС во Виница ветува проекти за развој на спорт и активности на младите, а од друга страна не ги решава круцијалните проблеми со кои се справува младината во општината. Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Павлов нуди детален урбанистички план и нови 100 локации за изградба на семејни куќи за млади брачни парови. Овие парцели ќе бидат доделени бесплатно, а младите ќе бидат ослободени од комуналии. Со ова ВМРО-ДПМНЕ ќе им излезе во директен пресрет на младите во општината, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Ветувањето на СДС дека ќе се градат тениски и спортски игралишта е веќе започнат и реализиран проект од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Виница доби професионален спортски терен како и е изградено повеќенаменско игралиште во село Истибања. Младите во Виница најдобро знаат дека оваа влада скрати 1.5 милијарда денари од проектите во образованието. Ваквите лаги и манипулации од СДС нема да поминат кај граѓаните во Виница бидејќи тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нуди реална и отчетна програма“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево