БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изгласан буџетот на Општина Штип за 2018

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот Благој Бочварски истакна дека буџетот на општината со блок додатациите за 2018 година ќе изнесува 942.425.000, а основниот буџет е проектиран на 474.595.000 денари, кој е за седум отсто намален за разлика од буџетот за 2017.

Бочварски за првпат го бранеше и го образложи новиот буџет, а за намалениот основен буџет вели дека се должи на намалување на непродуктивните трошоци, како што се репрезентации и набавка на возила. Приоритетните проекти во буџетот за 2018 година ќе изнесуваат 180 милиони денари, а како еден од поголемите проекти ја наведе изградбата на детската градинка Сењак, во која општината ќе учествува со 55 отсто, а останатите пари ќе се обезбедат преку Бирото за размномерен регионален развој.

– Браната на реката Отиња е проект кој што го ветивме и кој што со консензус мислам и прифатен во нашиот град да биде реализиран и тој проект успеавме да излобираме да влезе во Програмите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а се со цел да се издвојат средства за допроектирање на оваа брана. Веднаш кога ќе биде готов проект заедно со сите фази ќе почнеме со раелизација на браната на река Отиња, вели Бочварски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој забележа дека во буџетот се планирани и средства од шест милиони денари за изработка на Основен проект за секундарната гасификациона мрежа, а на крајот од годинава се очекува и да се инсталира и првата гасифкациона цевка.

Предвидени се и пари за првата и втората фаза од обиколницата која најголемите населби ќе ги поврзи со индустрискиот дел на градот, потоа реконструкција на една од најфреквентните сообраќајници во градот, а тоа е во населбата Сењак, ќе се гради и прифатен центар за бездомните кучиња. Зголемени се и парите за образовните институции, а општината е во преговори и со Агенцијата за млади и спорт во Општинското Основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“ да се гради и првиот мал затворен базен.

Предвидени се и пари и за Градскиот стадион, монтажни трибини за неколку игралишта и изградба на околу десет спортски игралишта во општината.

На денешната седница е верификуван и мандатот на советничката Соња Нацевска, која доаѓа на местото на Ален Ѓеорѓијев, кој беше носител на советничката листа на СДСМ, а си поднесе оставка бидејќи ја извршува функцијата директор на штипската Клиничка болница.

Советниците ги изгласаа и финансиските извештаи на двете јавни претпријатија за првите шест месеци од годината, а исто така беше прифатено и барањето на Здружението на слепи лица за субвенционирање за сметките за вода и смет. Советниците едногласно ја донесоа оваа одлука но со назнака да се направи анализа од штипското комунално претпријатие „Исар“, колку би изнесувало субвенционирањето.Инаку ова здружение брои 65 члена.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace