Откако претходно беше одложена спортско- рекреативната манифестација “Тодорови Трки”
во Виница ќе се реализира во саботата на 11.03.2023 година.
“ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТОДОРОВИ ТРКИ!
Почитувани сограѓани, Ве информираме дека спортско-рекреативната манифестација „ТОДОРОВИ ТРКИ“, ќе се одржи на 11.03.2023г. со почеток од 11:00 часот на Градскиот стадион во Виница.
Предвидени се 25 дисциплини на кои очекуваме голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, пензионерите од „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста.
За првите три места во секоја дисциплина ќе има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на градоначалникот на општина Виница Миле Петков


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание
Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото