Со моќната порака “Се бориме за леб, но се бориме и за рози!”, денес со симболичен гест го одбележавме Меѓународниот ден на жената.
Заедно со Здружението “Гласен Текстилец”, црпејќи инспирација од почетниот активизам на жените за унапредување на нивниот семеен и професионален живот, на ѕидот во парк К’ртеке нацртавме мурал.
Овој мурал е гласот на текстилните работнички, кој бил првиот импулс на женската борба за рамноправност, кој направил ехо од кое сите мајки, девојки, работнички, докторки, продавачки, професорки, службенички, уметнички, земјоделки, спортиски, политичарки…денес се еманципирани индивидуи во нашата заедница.
Среќен празник на сите жени, музи, инспирации!
Извор: Иван Јорданов- Градоначалникот на општина Штип
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани