БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виница во наредните 2 недели ќе живее во духот на Тодорови трки 2023

Пренеси го гласот

На 4 март во Виница после 3 години пауза ќе се одржи спортската манифестација “Тодорови трки 2023”. Натпреварувачи во 25 дисциплини од сите возрасни категори на граѓани ќе се натпреваруваат за првите три места во секоја категорија за кои градоначалникот на општина Виница Миле Петков како организатор има обезбедено награди од општината и други спонзори н оваа спортска манифестација.

Манифестацијата се состои од повеќе спортски дисциплини- трчање, возење велосипед, тегнење јаже, трка со коњи, јадење на тортини… така што манифестацијата ќе понуди возбудувања за сите присутни и натпреварувачи на настанот.

Пролетта секогаш дава нова енергија и нови надежи за луѓето, а во Виница таа енергија ќе се манифестира на најдобар можен начин.

Во рамки на програмските определби на градоначалникот Миле Петков поддршката и промоцијата на спортот како и сите други јавни дејности кои што го подобруваат стандардот на живеење за граѓаните на Виница ќе продолжи со несмалено темпо да се спроведуваат и во наредниот период, во интерес на сите жители на Виница.

“После 3 години пауза поради пандемијата со корона вирусот, оваа година ќе ја продолжиме една од најмасовните спортско-рекреативни манифестации во Виница.

Согласно календарскиот датум оваа децениска манифестација е поврзана со одбележувањето на верскиот празник Тодорова сабота и оваа година Тодоровите трки ќе се оддржат во сабота на 4-ти март на Градскиот стадион во Виница.

25 дисциплини на кои очекуваме голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, пензионерите од „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста.

За првите три места во секоја дисциплина ќе има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан.”

-соопшти градоначалникот на Виница Миле Петков во врска со овој настан.

Поради атрактивност на содржините веруваме дека оваа возбудлива локална манифестација ќе биде атрактивна и за посетители од останатите општини од регионот па можеби во иднина да прерасне и во регионален настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот