Постојаните ивестиции во воспитно-образовниот процес за учениците во државата е неопходен за нормална реализација на воспитно-образовните процеси.
Општина Македонска Каменица и градоначалникот Димче Атанасовски во рамки на своите програмси заложби реализираа значана инвестиција во подобрувањето на дневниот претстој за дечињата во детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица.
Инвестирани се финансиски сретства за реконструкција на санитарните простории, замена на врати и пренамена на простор во градинката за подобра оптимализација на работата….
Ваквиот тренд ќе продолжи со реализација и во иднина.
“ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ИНВЕСТИЦИИ ВО ЈОУДГ “БАМБИ”
Годинава направивме уште еден исчекор во подобрувањето на условите за престој на дечињата во Детската градинка “Бамби”.
Комплетно се реконструирани две санитарни простории, заменети се старите дрвени врати со нова ПВЦ и алуминиумска столарија, извршена е пренамена на дел од ходник со простор за чување архивски материјал, а дел од просториите имаат и нови вариолајт завеси.
Нашите инвестиции во оваа установа ќе продолжат и веќе контактираме со донатори за набавка на нови креветчиња, душеци и играчки за дечињата.
Продолжуваме уште посилно кон решавање на проблемите на граѓаните и локалните институции.”
-информираше за јавноста градоначалникот Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип