БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да го измоли градоначалникот на Делчево да го реконструира кровот на Спомен домот АСНОМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во континуитет со месеци наназад Спомен Домот АСНОМ во центарот на Делчево останува да се распаѓа под налет на временските неприлики. Откако под ударот на големото невреме кое што го зафати Делчево пред повеќе месеци а и пред тоа, беше оштетен кровниот покривач на Спомен Домот АСНОМ во Делчево до ден денес истиот се распаѓа незаштитен од надлежните.

За апсурдот да биде уште поголем канцелариите на градоначалникот и општинската администрација се токму во овој значаен архитектонски објект граден со парите на граѓаните на Делчево од месен самопридонес со пред повеќе децении.

Ваквата состојба трае повеќе месеци и сериозно се става под знак прашање одговорноста на надлежните за состојбата во која се наоѓа овој јавен објект.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По повеќе реакции во јавноста упатени во минатото како од граѓани така и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Советот на Општина Делчево повторно се актуелизираше ова прашање од страна на советниците на опозицијата:

📌 Нашата Советничка група поднесе Предлог/Барање за санирање на кровот на Спомен домот АСНОМ‼️

👉 Врз основа на нашите обврски и овластувања како Советничка група кон жителите на Општина Делчево и согласно програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински објекти во Општина Делчево за 2023 година од Градоначалник на Општина Делчево бараме санирање на кровот на Спомен домот АСНОМ‼️

‼️ Бараме во краток временски рок да се направи санирање на на кровот на Спомен домот АСНОМ затоа што Спомен домот АСНОМ е најрепрезентативен и најзначаен објект под капата на Општина Делчево кој што поради несанираниот кров уште од невремето кое што ја зафати нашата општина до денес, секојдневно се амортизира‼️

-стои во информацијата упатена за јавноста од страна на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace