Настрана сатиричниот наслов на овој текст, Спомен домот АСНОМ во центарот на Делчево е монументално архитектонско дело градено со пари од самодопринос на сите делчевчани во поранешниот систем на СФРЈ. Замислен и изграден до ниво на карабина како репрезентативна театарска арена на затворено, денешниот Спомен дом АСНОМ претставува главоболка за одржување на неговите сопственици Општина Делчево и неколкуте приватни ресторани, пицерија, Библиотека, Музеј и Центар за култура.
Како доминантен сопственик на деловни простории во домот Општина Делчево во минатото неколку пати интервенираше со санација и поправки на кровниот покривач на Спомен Домот АСНОМ, но во последните неколку месеци делчевчани се згрозуваат од односот на засегнатите кон овој бележит и препознатлив објект кој што е еден од симболите на Делчево кој што го има и на општинскиот грб и знаме.
Следуваат врнежливи денови кои што може да предизвикаат несакани влијанија врз овој градежен објект а потребата за негова санација е повеќе од итна. За да не падне товарот за негова санација повторно само врз општина Делчево/ парите на граѓаните, а и за во иднина можно е да се формира заедница на станари на овој колективен деловен објект преку која ќе се регулираат односите за одржување на заедничките простори на самиот објект.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани