БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се зголемува одговорноста кон буџетот на граѓаните: Замрзнати коефициентите на функционерите за кои нема веќе раст на платите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во јавноста пренесе неколку информации кои што значат градење на имиџ на одговорна и народна влада целосно посветена во подобрувањето на довербата кај граѓаните.

Откако наследи руиниран економски и монетарен систем, буџетски кошмар кој што беше огромен камен околу вратот на цела држава, а по само пет месечно опоравување, државата започна да се враќа на патеки на позитивни економски биланси.

Фокусираната работа на Премиерот Мицкоски и владиниот економски тим за само 5 месеци го подигна БДП-то на државата на 3% кои што не ги предвидуваа ни најголемите оптимисти претходно.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денеска на седница на Владата се донесени дополнителни мерки кои што ќе значат повеќе пари за реализација на капитални проекти за подобрување на живеачката на граѓаните, кои што во досегашната пракса биле наменети за плати на државните функционери.

Со одлука на владата се замрзнуваат коефициентите за пресметка на раст на платите на избрани и именувани функционери (читај политичари) кои што не смеат на грбот на граѓаните да профитираат драстично повеќе одколку платите на самиот народ како и функционерите во судскиот совет ијавните обвинители и советот на јавни обвинители, што е и нормална одлука со оглед на нивниот “учинок” со 2% перцепција на доверба кај граѓаните.

Исто тоака премиерот Мицкоски ја соопшти и веста дека од денеска се става забрана за исплата на 13 плата на сите органи на државната управа, што во изминатиот мандат на владеење беше пракса и покрај не толку големиот учинок на овие органи.

“Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:

✅️ Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.

✅️ Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.

✅️ Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација.

Македонија ќе биде пристојно место за живеење.”

-напиша на социјалните мрежи во врска со овие мерки/ одлуки донесени на денешната седница на Владата на Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот