Градоначалникот на општина Македонска Каменициа Димче Атанасовски денеска преку социјалните мрежи упати соопштение во врска со активностите за изградба на нов паркинг простор во централното градско подрачје во градот.
Станува збор за нов паркинг со површина од 550 м2 кој ќе обезбеди фрекфентно паркирање за 20-тина автомобили, со што ќе се растерети сообраќајниот мете3ж и непрописното паркирање цо центарот на Македонска Каменица.
“Создаваме нов паркинг простор за поудобен и современ градски живот!
Денеска извршив увид во завршните градежни работи за изградба на нов паркинг простор во централното градско подрачје на Македонска Каменица.
Паркинг просторот со површина од 550м² обезбедува пристапна улица и 20 нови паркинг места за жителите од улица Александар Македонски. На овој простор дополнително ќе биде поставена нова урбана опрема, а истиот ќе биде и хортукултурно доуреден.
Со овој проект, кој го реализираме во рамки на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини, обезбедуваме подобри услови за паркирање и поголема безбесност и функционалност на сообраќајот во нашиот град.”
-информираше градоначалникот Атанасовски преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!