БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Ни еден крупен капитален проект СДСМ не успеа да го заврши

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вечерва дел од Дневникот на ТВ Сител во рамки на рубриката “Тема на денот” свое гостување имаше Министерот за транспорт и Вицепремиер во Владата Александар Николоски.

Тој зборуваше за повеќе актуелни теми од доменот на неговата работа доминантно за најголемите инфраструктурни проекти кои што во моментот засилено се реализираат како никогаш до сега во Македонија.

“Експресниот пат од Куманово -Страцин до Крива Паланка е изграден во рекордно време, шест месеци откако ја презедовме власта. Од 25,5 километри на 19 километри капка асфалт немаше ставено. Имавме проблеми со еден од изведувачите и надзорот заради претходниот однос на власта, па ги враќавме на проектот за да може да го завршиме”,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-рече Министерот Николоски како одговор на обидот на минати функционери на СДСМ да се претстават себеси како заслужни поединци за нешто што не успеаа да го реализираат.

Вицепремиерот потенцираше дека наследени се огромни проблеми околу нејасното финансирање и неизвеснот во реализацијата. Но со посветена работа, со нови методи на асфалтирање и со ангажирање на илјадници работници, експресниот пат е завршен во рекордно време.

“Прв пат се завршува проект на време. Овој пат е на народот и најмалку очекував од СДСМ да расипе таков убав настан. Три столба, односно три работи народот гледа во претходната власт. Прва работа дека ниеден крупен капитален проект СДСМ не успеа да го заврши. Второ огромна корупција и трето целосна потчинетост на ДУИ, тоа народот гледа кај СДСМ”- рече вицепремиерот Николоски.  

Тој додаде дека овој експресен пат треба да има значајна улога во развојот на економијата, за отворање на нови фабрики, нови работни места и квалитетна комуникација со Истокот и со Бугарија. Во многу скоро време тој најави пуштање во употреба на експресниот пат Градско Дреново.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace