БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Подобрување на живеачката во руралните средини: Селот Три Чешми во Штип, добива градинка и спортска сала

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на почетокот на новата годана Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Штип Иван Јорданв беа помеѓу жителите на штипското село Три Чешми.

Овде беа дел од настан за пуштање во употреба на нова градинка-клон на детската градинка “Вера Циривири Трена” од Штип како и новата спортска сала која што е дел од подрачното училиште ОУ “Гоце Делчев” во ова село.

“Денеска присуствував на отворањето на клон од детската градинка „Вера Циривири Трена“ и спортската балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ во населбата Три Чешми, Општина Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со вложување од 2.500.000 денари од буџетот на Општина Штип, во училиштето се адаптираше неискористен простор за згрижување на 40 деца, обезбедувајќи им воспитно-згрижувачки услови. Покрај тоа, новата спортска сала, финансирана со 10.000.000 денари од блок-дотации од Министерството за образование, ќе биде простор за спортски активности и развој на младите.

Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, продолжуваме со нови проекти. Веќе следната недела започнува изградбата на обиколницата, вредна 2 милиони евра, а во втората половина на јануари ќе го објавиме новиот повик за проекти вредни 6,5 милиони евра за Штип.

Заедно ја развиваме Македонија и создаваме подобра иднина за сите граѓани!”

-информираше преку социјалните мрежи Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace