Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова како верен и посветен навивач на Македонската ракометна репрезентација која што игра на Светското првенство во Хрватска на социјалните мрежи ги коментира настапите на своите херои и ги бидри и кога победуваат и кога губат.
“По три одлично одиграни натпревари, од кои првиот, со Унгарија, со нерешен резултат, вториот, со Холандија, неправедно изгубен и третиот, со Гвинеја, со убедлива и заслужена победа, ветувачката македонска ракометна репрезентација, продолжува.
А, ние, навивачите, на теренот, дома, или ширум светот, остануваме со Лазаров и нашите одлични ракометари.
Ќе стоиме зад вас и ќе ве бодриме, оти сте одличен тим пред којшто стои светла победничка иднина.
Вие сте нашите врвни спортски амбасадори!”
-напиша на социјалните мрежи Претседателката Сиљановска Давкова.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!